• Sat. Nov 23rd, 2024

Полицијата откри 15 мигранти кај Гевгелија во товарно возило на струмичанец

Патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица открила 15 мигранти кај селото Милетково, гевгелиско, информираат од МВР.

Мигрантите биле откриени во товарно моторно возило „фиат-дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од М.Д.(28) од Струмица.

„Од страна на полициските службеници бил извршен преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти, од кои осум сириски, пет пакистански и двајца ирачки државјани, кои биле приведени. За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Д. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Гевгелија, а мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, за понатамошна постапка“, се вели во билтенот на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *