Голема количина стока денеска е одземена од дивите продавачи на струмичкиот булевар. Полицијата известува дека во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат одзеле земјоделски и прехранбени продукти.
Ваквата активност е произлезена од претходно доставената Молба од Здружени продавачи ГП “Глобал“ и одржаниот Локален совет за превенција на општина Струмица.
Ваквите координирани активности ќе продолжат и во иднина заедно со надлежнте инспекциски служби.