Вчера во 15.00 часот во Полициска станица Струмица е лишен од слобода и задржан Т.М. (34) од село Баница, осомничен дека го управувал патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое на 28.04.2020 година на ул.„Никола Тесла“ во Струмица удрило во четиригодишен пешак, кој се здоби со тешки телесни повреди, додека возачот со возилото го напуштиле местото на незгодата.