• Fri. Nov 22nd, 2024

Полициски час во овој момент не е решение, смета Филипче

By

Oct 26, 2020 #филипче

Министерот за здравство смета дека полициски час во овој момент за справување со коронакризата не е решение. Тој очекува дека ќе се донесат новите мерки во Собрание и тие според него емитираат форма на полициски час.

„Искрено верувам дека измените во Законот за заштита на населението за заразни болести ќе се донесе и ќе се изгласа се со цел да избегнеме полициски час. Ова се мерки кои практично имитираат полициски час. После 23 часот ништо не работи, практично граѓаните нема каде да одат, сега и времето не е убаво, па сите треба да седат дома. Затоа апелираме да се излегува само ако има некаква потреба. Целта е да се избегне групирањето и да се носат маски. Сигурно дека разгледуваме некакви опции, меѓутоа сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат овие мерки и тие кои утре верувам дека ќе бидат донесени. Впрочем генерална препорака е да нема таква форма на ограничување на движењето“,Министерот нагласи дека законските измени утре треба да се најдат на дневен ред во Собранието и рече дека верува оти пратениците се свесни за тежината на ситуација и бргу ќе ги изгласаат мерките кои, според него, можат значајно да го редуцираат преносот на вирусот.

извор:360stepeni.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *