• Fri. Nov 22nd, 2024

Покренато обвинение за убиството на 57 годишниот Ристо Илјашев

Покренато е обвинение за убиството на Ристо Илјашев од Струмица. Основното јавно обвинителство покрена обвинение против 54 годишниот струмичанец М.В. кој се сомничи дека на 7 мај годинава го убил и сместувајќи го во метално буре го фрлил во водите на брана Турија 57 годишниот  Илјашев. Според струмичкиот суд информираат дека решението е примено и се чека да стане правосилно за да се закаже главна расправа.

Засега обвинителството нема покренато обвиниение за второто убиство на 62 годишниот Александар Мицев чие тело беше пронајдено во камионски резервоар за гориво, исто така фрлено во водите на Турија. Нема доволно докази, дека истиот осомничен го извршил и ова дело.

извор: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *