Сакаме со најголема загриженост да Ви соопштиме дека сега и последниот месец, има масовна сеча на дрвјата по Трим патеката до чешмичката ,,Ладната воичка’’. Дали има некој во нашиот град кој освен што е должен да ја чува средината и местото кои се белите дробови на градот, има ли некој надлежен кој барем малку ќе се насекира, па да организира фаќање на уништувачите на природата и на кислородот. Луѓето кои се надлежни и платени со народни пари како да не ги секира баш тоа, оти ако се сака луѓето кои вршат сеча, секое сабајле се враќаат по патеката од Ловен дом и по единствената улица кон училиштето Маршал Тито, што значи многу лесно и едноставно е нивното фаќање. Значи тоа се 5-6 колички натоварени скоро по еден кубик на секоја количка и се луѓе претежно од ромската маала. На наше среќавање со нив и наше реагирање да не доаѓаат и да не прват зло, они се спремни и физички да не нападнат и ликвидираат, велејки да си одиме по патот оти тоа не било наша , што значи дека тие се подготвени и со некаква физичка пресметка.
Затоа Ве молиме т.е. ги повикуваме надлежните уште денес или утре да си ја одработат задачата оти нема да остане ништо од трим патеката и баирот. Таков ,,покољ’’ пред очите на сите ни се прави, што еден наш пријател кој е од странство рече дека такво нешто не смее да се случи во Белгија. Таму не смее да се чепне дрвото а не да се сече и со колички се носат секој ден.
Значи ако и малку сте загрижени или човечни Ве молиме да за ја извршите задачата за која сте платенi стои во реакцијата на група граѓани секојдневни рекреативци по трим патеката