• Fri. Nov 22nd, 2024

Покана за дебата со Амбасадорот на Франција на тема ,,Права и политички слободи на граѓанинот‘‘.

Во четврток на 24.март со почеток во 12 часот, во големата сала на Домот на АРМ, ќе се одржи ,,Отворен ден‘‘ со Амбасадорот на Франција во Македонија, Госпоѓата Лоренс Оер, на тема ,,Права и политички слободи на граѓанинот‘‘.
На овој настан ќе присуствуваат и Претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов и други членови на Советот, како и млади и останати граѓани и претставници на НВО – секторот, кои ќе имаат можност со прашања до Амбасадорот да се вклучат во темата.
Се покануваат сите заинтересирани да бидат дел од ,,Отворениот ден‘‘.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *