Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана ждрепката за полуфиналето во Купот, фаза во која свое учество изборија Македонија Ѓорче Петров, Силекс, Струга Трим Љум и Пелистер.
Силекс како единствен второлигаш во ова друштво, но воедно и актуелен бранител на трофејот ќе го има за ривал Пелистер на патот до уште едно финале во оваа конкуренција.
На втората средба Струга ќе ги пречека „лавовите“ од Ѓорче Петров. Натпреварите ќе се одиграат на 20. април во 16:00 часот.
Битката за титулата пак е закажана за 20. мај на Национална арена “Тодор Проески”.