Дека на Гевгелија ѝ беше потребен Фестивал на храна и пијалоци, потврдија сите локални учесници – уметници и чинители на тридневната манифестација за збогатување на туристичката понуда во Гевгелија на вчерашната средба за сумирање на впечатоците по нејзиното одржување со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
На средбата, едногласна беше оценката за одличната организација, како и изнесени предлози за нови содржини на вториот Фестивал „Вкуси го југот 2024“. Притоа, беа укажани и недосататоците и проблемите кои треба да се коригираат во иднина што не влијаат негативно на фактот дека Гевгелија направи значаен исчекор во унапредувањето на својата културна традиција.
Градоначалникот Сармандов им се заблагодари на неговите гевгеличани кои дадоа безрезервна поддршка на настанот, на учесниците, госитите, спонзорите и до сите оние кои на каков било начин го помогнаа одржувањето на „Вкуси го југот“. Притоа, упати и честитки до организаторот „Крафт продукција“ и до вработените во општинската администрација за успешноста на Фестивалот- три дена сите присутни да се забавуваат, уживаат и да ја почувствуваат позитивната енергија од убавините на Гевгелија.