Утрово околу седум часот по грчко време е пријавен пожар во шумската област Света Гора, во близина на манастирот Света Лавра.
- Овој манастир е најстар и прв во хиерархијата меѓу манастирите на Света Гора, а грчкиот функционер задолжен за таа монашка заедница Аристос Касмироглу за веб-страницата Vima orthodoxias изјави дека пожарот гори, но дека е под контрола.
За гаснење на пожарот на терен се испратени четири канади, додека и хеликоптерот се обидува да испушти вода.
Покрај тоа, во борбата учествувале единаесет возила со 43 пожарникари и три екипи на пешадиската дивизија.
Пожарот е во тек во шумскиот дел на Света Гора, додека во областа дува ветрови од пет бофори, пишува Прототема.