Семејството Ристови од струмичко Дукатино останаа без дом откако синоќа два часа после полноќ избувна пожар во нивната куќа. Малку недостасувало да бидат затрупани бидејки почнал да паѓа таванот и кровната конструкција. Пожарот го забележала мајката Магдалена која ги разбудила сите членови на семејството плашејки се дека живи ќе изгорат.
Успеале да се спасат но не и покуќнината. Од домот останати се само темелите.
Засега не се знаат причините како настанал пожарот во семејната кука на Ристови во струмичко Дукатино. Златко сега моли за помош оти нема ниту алишта ниту каде да спие.