Пожарот во околината на Ѓавато Општина Богданци засега е под контрола информираше за Канал 5, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Утринава се гаснеше и од воздух со армискиот хеликоптер , таму 55 луѓе се на терен вели тој.
Синоќа огнот повторно се разгоре и претставуваше закана за куќите. Страшно беше, селото беше во обрач од пожарот сведочи за Канал 5 Санда Бојмалиева. Таа рече дека особено критично било кога се запалил тепихот во кука каде имало мајка со бебе,а вознемирувачки бил и звукот на експлозиите од две гранати од втората светска војна за кои мештаните не ни занеле дека постојат.
На терен и понатаму се пожарникарски екипи и доброволци од соседните општини, дојран и гевегелија.Пожарот кај Ѓавато и околината почна вчера колу 13:30 часот, во првите неколку часа имаше опасност по куќите во селото, но и блискиот ветерен парк истаницата за вода, која е дел од системот за полнење со вода на дојранското езеро.