Централизирање на единиците за противпожарна заштита , регулирање на платите со иста вредност и висина на бодовите, целосно почитување на одлуката на Владата за исплата по 60 илјади денари на пожарникарите превземени од МВР и измени на Законот за пожарникарство во делот за пензионирањето.
Ова се барањата кои денеска Независниот синдикат на државната администрација , во кој членува и Синдикатот на пожарникари на Македонија ги упатил до претставниците на Владата и Центарот за управување со кризи.
Горан Ристески, претседател на гранскиот Независен синдикат на државна администрација на денешната прес-конференција истакна дека на средбата со советникот за одбрана на премиерот побарале целосно да се почитува одлуката донесена од претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски, каде стои дека за секој припадник на територијална противпожарна единица (ТППЕ) преземен од МВР да биде обесштетен со 60 илјади денари.
На одвоените состаноци , од двете страни Независниот синдикат добил подршка , а ќе ја бара и од Министерството за одбрана. Но, доколку барањата не се реализираат во скоро време , од Синдикатот најавија протести.