Денес, (петок) 04.08.2023 година во 12.45 часот, во атарот на с. Костурино ТППЕ Струмица со 5 ПП возила и 15 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми. Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон околната шума.
Екипите се сѐ уште на терен и работат на негово целосно ликвидирање. Причинета е значителна материјална штета.