• Sun. Nov 24th, 2024

Поевтинување на горивата од полноќ

ByЃ. K.

Dec 11, 2023

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79% во однос на одлуката од 04.12.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,306%, кај дизелот за 5,591%, кај екстра лесното масло за 5,787% и кај мазутот намалувањето е за 5,969%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,153%

Од 12.12.2023 година од 0:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „Еуросупер БС-95“ – 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин „Еуросупер-98“ – 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво „Еуродизел БС (Д-Е V)“ – 74,00 (денари/литар)

Масло за горење „Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)“ – 73,00 (денари/литар)

Мазут „М-1 НС“ – 40,572 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“, како и на „Еуродизел (Д-Е V)“ и на екстра лесното масло за домаќинство „ЕЛ-1“ се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот „М-1 НС“ се намалува за 1,514 ден/кг и сега ќе изнесува 40,572 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 12.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

By Ѓ. K.