ОО Црвен крст – Струмица во текот на активностите за Неделата на борба против гладта која траеше од 16-22 октомври под мотото „Помислете и на нас“ имаше неколку собирни акции.
Денес беше подигната донацијата на храна во тежина од 130 кг од вработените во фирмата „АДИЕНТ” Adient Automotive Strumica како општествено одговорна компанија.
Храната од донациите ќе биде наменета за семејства од социјален ризик.