• Sun. Nov 24th, 2024

Подрачната единица на УЈП денес ќе работи до 21: 30 часот

Денес истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава (образец ПДД-ГДП), па затоа Управата за јавни приходи денес одлучи да го продолжува работното време на даночните канцеларии со цел граѓаните да можат да ги запазат законските рокови за исполнување на нивната обврска за пријавување на приходите.

Од УЈП потсетуваат дека за ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, законот предвидува глоба којашто се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *