Изминатиот период, во ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија беа преземени повеќе активности за подобрување на воспитно-образовниот процес пред почетокот на новата учебна година. Имено, во Подрачното училиште во Богородица е реконструиран подот, а во Централното училиште, реконструирана подната површина во просторијата за продолжен престој и оплеменета со инвентар и опрема. Притоа, пред почетокот на учебната година, извршена е дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите простории во училиштето. Комплетно се завршени и муралите на ѕидовите во ходниците, насликани од учениците и нивните наставници.
Директорката на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија, Ружица Икономова, истакна дека преземените активности се реализирани со сопствени средства и материјали и донаци од физички и правни лица, за што истакна голема благодарност.