• Fri. Nov 22nd, 2024

Поголема промоција на Народниот правобранител за поголеми права на граѓаните

Потребна е поголема промоција на Народниот правобранител и негово доближување до граѓаните за да може да се запознаат со моќта што ја има наспроти државата и државните институции, е главната порака на трењтиот извештај на проектот граѓански мониторинг на народниот правобранител „Омбудсманот меѓу институциите и граѓаните“ што беше промовиран во Струмица.

На презентацијата на резултатите присуствуваше народниот правобранител Иџет Мемети кој посочи дека со новиот закон се зголемуваат можностите на институцијата.

На новинарско прашање, Мемети одговори дека со Буџетот за 2018 година, з ажал немаат средства за промоција.

Од НВО инфо центарот кој заедно со Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, го спроведува проектот, велат дека истражувањата на терен во регионалните канцеларии на народниот правобранител, активисти на граѓанското општество и новинарите покажале дека треба да биде имуна на политички и партиски влијанија, со сопствен буџет и поголеми кадровски капацитети.

Бејкова додаде дека истовмрено потребно е поголема отвореност на правобранителот кон медиумите и помалку централизирана комуникација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *