Вчеравечер во Europe House Струмица се одржа ПОГЛЕД(Н)И првата самостојна изложба на фотографии од младиот и талентиран Никола Станишлевиќ.
Со својата визија и уметнички израз, Никола нѐ внесе во својот свет низ објективот, кадрите и емоциите. Уживавме во прекрасните дела на овој млад струмички талент, кој секојдневно лови ПОГЛЕДИ и кадри со својот фотоапарат.
Изложбата ќе биде поставена до крајот на месец јануари.