• Thu. Nov 21st, 2024

Повторно силен земјотрес во Загреб

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово Загреб и уште неколку градови.

Според Сеизмографската служба на Хрватска, земјотресот се случил утрово околу 6.28 минути, а епицентарот е лоциран 14 километри североисточно од Глина, во близина на Петриња.

По првиот, за рок од еден час следувале уште два потреса, поради што жителите на Петриња ги напуштиле домовите. Земјотресот се почувствувал и во Риека.

Засега се пријавени само штети, немапријави за човечки жртви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *