По пауза од речиси четири децении повторно се вршат археолошки истражувања на лок. Св.40 Севастиски маченици во с.Банско. Предводени од стручни лица од НУ Завод и Музеј Струмица, археолозите д-р Душко Цветанов виш кустос и Ване Секулов советник кустос. Станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век. Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна што упатува на заклучокот дека била епископско седиште. Во 2021 година на црквата беа извршени конзерваторски- реставраторски работи со што овој значаен споменик на културата за средновековната духовна култура на Струмица и струмичко во континуитет го добива својот заслужен третман. Проектот е од годишната програма на институцијата и истиот е подржан од Министерството за Култура.