Денеска (08.01.2023) во 04.20 часот било пријавено дека на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково, патничко возило „фолксваген бора“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(22) од с.Стојаково, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.