Саша Поповиќ ги додели клучевите од автомобилот Фиат ТИПО на нашата струмичанка Славица Ангелова која победи во „Ѕвездите на гранд“ за сезоната 2022/23.
Креативниот директор на „Гранд“ продукција доделувањето на клучевите го направи во склоп на комплексот кој го гради на Бежаниска коса каде и живее.Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид истакна дека е горд на успехот на Славица, а наградата од Гранд ја гледа како олеснување за нејзината понатамошна кариера. Покрај песната, спот и комплетниот маркетинг, на Славица, како што рече рокерот, ќе и биде полесно бидејќи ќе има свој автомобил кога ќе доаѓа од Струмица до Белград.