Победничката на „Гранд“, Славица Ангелова го посети Клубот на деца и младинци со Даунов синдром, „Деца на сонцето“ во Струмица. Повеќе од три часа се дружеа, пееја, играа и цртаа. Едно од девојчињата, Верче го прослави 16-от роденден и ја изненади со торта.
Славица рече дека убаво се забавувала и дека наскоро планира повторно да ги посети. Од клубот и се заблагодарија и ѝ посакаа успешна кариера, а децата покажаа дека секогаш ќе ја бодрат и дека наскоро очекуваат да ги слушнат нејзините нови песни.
Извор: Репортер