Одбојкарките на Македонија Макс без проблеми го надигра штипскиот состав УГД со 3:1 во сетови. Во редовното првенствено коло во Групата 2 втора фаза, струмичанки ја забележаа петтата првенствена победа со што Македонија Макс стана вистинско изненадвување во пролетниот шампионат. Победа забележаа и одбојкарките на Наковски волеј кои имаа госутвање во Битола. Девојките на Хари Наковски славеа со 3:1 во сетови со што останаа во врвот на пролигашкото одбојкарско натпреварување
За разлика од Макс и Наковски, Виктори беше на прагот да забележе победа но не успеа да направи сензација против лидерот Работнички жени од кој претрпеа пораз со резултат од 3:2 во сетови. Со последниот освоен поени Виктори има шанса да обезбеди плеј оф со кој борба водат со Јанта. Пораз претрпе и Џио Струмица кој во Кичево конечно киксна во шампионатот. Претрпеа пораз со 3:0 од Шутова