• Fri. Nov 22nd, 2024

Плинска боца причина за пожарот во Гевгелија

Полицијата го заврши увидот во продавницата за електорматеријали Заре комерц во Гевгелија. Првичните наоди ги потврдија сомневањата дека до пожарот дошло при експлозија на плинска боца, во која загина 41 годишен гевгеличанец, вработен во продавницата.

Несреќата се случила вчера, околу 16 часот, при што четири лица биле донесени во гевгелиската болница.

Двајцата мажи кои поминале со полесни повреди по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се очекува обдукцијата да даде одговор која била причината за смртта на 41 годишниот гевгеличанец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *