• Sat. Nov 23rd, 2024

Планинарски марш од струмица за скопје во чест на трајковски

ByВане Трајков

Feb 22, 2020

Облечени во маици со ликот на Трајковски, планинари од  Струмица, Радовиш Валандово, Гевгелија и Штип тргнаа пеш за Скопје за да му оддадат почит  на својот сограѓанин и претседател Борис Трајковски кој загина во авионска несреќа кај Мостар. Во наредните четири дена тие ќе пешачат 200 километри за да стигнат на 26-ти февруари на неговото почивалиште во Бутел. Станува збор за традиционален планинарски марш кој го организира планинарското друштво „Ентузијаст“ од Струмица со цел да не се заборави ликот и делото на Трајковски. Паралелно организираат и искачување на врвот Ботра на планината Беласица.Организаторите и планинарите се надеваат дека во иднина на овој традиционален марш посветен на Борис Трајквоски ќе се приклучат и млади лица за да не се заборови ликот и делото на Трајковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *