Планинари од Струмица, Валандово, Радовиш и Гевгелија денеска од пред споменикот Македонија во градскиот парк Струмица го почнаа маршот кон Скопје во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски. Тие во наредните денови ќе во четири рути ќе го пешачат патот дог 200 километри за да во недела положат цвеќе на гробот на Трајковски.
,,Трајковски е дел од луѓето кои значеле нешто и треба да ги почитуваме тие личности, за да може новите генерации разберат каков претседател сме имале, каков сограѓанин сме имале и затоа неуморно секоја година го одиме тој марш,, рече Душко Ќосев од ПАОК „Ентузијаст од Струмица
Освен до Скопје, 60 планинари од земјава и Бугарија во сабота и недела ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие ќе се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.