• Fri. Nov 22nd, 2024

Планинари од Струмица, Радовиш и Гевгелија тргнаа пеш за Скопје во чест на Борис Трајковски

Во пресрет на одбележувањето на годишнината од смртта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, 20 тина планинари од југоисточна Македонија, од Струмица се упатија кон неговото вечно  почивалиште во Скопје. Во наредните пет дена тие ќе пешачат околу 200 километри за да му оддадт почит на Трајковски кој загина во авионска несреќа во Босна

Маршот го организира друштвото Ентузијаст од Струмица  кои престојниот викенд ќе реализираат и искачување на врвот на Беласица која е именуван по Трајковски – Ботра висок 1880 метри

Друштвото Ентузијаст веќе 13 години ја одбележува смртта на претседателто Трајквоски со палнинарски маршеви и искачување на врвови на Беласица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *