Изминатиот викенд,двајца планинари на Планинарскиот спортски клуб „Двете Уши“ од нашиот град, изведоа исклучителна акција. Имено, тие го искачија највисокиот врв на Шар Планина, „Титов врв“, во зимски услови, по зимската патека која е една од најтешките за искачување во Република Македонија. Планинарите имаа денивелација од 1800 метри и 22 километри должински за совладување. Двајца членови од клубот го искачуваа врвот со уште стотина планинари. Како што ни изјавија, тие долго го очекувале искачувањето на Титов Врв, кој е висок 2747метри.н.в во зимски услови и по зимската патека.За нашиот клуб, велат тие, ова е ново искуство и импресиите се големи.Попатно беа искачувани и врвовите Церипашина 2525м.н.в, Антени 2530м.н.в, Карабунар 2565м.н., Бакардан 2700м.н.в и ТитовВрв 2747м.н.в.Временските услови беа прекрасни и Шар Планина се покажа како „добар домакин“ кој дозволи тој ден Титов Врв да го искачат околу 100 македонски планинари.