Надежите на РК ,,Астраион,, од Струмица со победа ја започнаа пионерската лига. На свој терен ги совладаа своите врсници од Текстилец од Штип со резултат 24:12 на полувреме 12:8. Пионерите на ,,Астраион,, за првпат се натпреваруваат под капата на РФМ. Пионерската лига е поделена во четири групи а струмичките надежи се во групата 3 каде освен тие и штипјани се и Делчево, Тиквеш Кавадарци, Младинец, Торо Спорт. Системот е дома гости а најдобрите ќе разигруваат за титулата пионерски првак.
Минатата сезона РК ,,Астраион,, дебитираше во лигите на РФМ токму во ова конкуренција. Лани пионерите го освоија 4 место но годинава истата екипа ќе се натпреварува во кадетската лига на Македонија во групата 1.