Жена на околу осумдесетгодишна возраст загина денеска попладне во сообраќајна несреќа на улицата Борис Поп Димитров во Струмица. Од здобиените повреди жената починала на местото на несреќата.
Полицијата го потврди настанот, увидна екипа е на местото на несреќата. Идентитетот на жртвата и детали за несреќата, полицијата дополнително ќе ги објави.