Најголем број на новозаболени со корона – вирус во Струмица за едно деноноќие. Пет нови случаи регистрираше Центарот за јавно здравје во оваа општина. Оттаму потврдуваат дека сите случаи се од градот. Нема позотовни на вирусот од населениете места. Тројца од новорегистрираните случаи се на возраст од 34 до 37 години, а двајца се повозрасни.
Еден пациент е хоспитализиран на инфективното одделение во Струмица, додека останатите четворица се на домашно лекување. Еден од пациентите бил примен на интерна дневна амбуланта. Од Центарот за јавно здравје велат дека добиле список на персонал и пациенти коишто тој ден биле со позитивниот на КОВИД – 19 и ќе им бидат направени епидемиолошки анкети.
Нов случај на корона – вирус има и во Гевгелија, со што во Југоистокот се вкупно 6 нови случаи изминатите 24 часа.
На ниво на држава има 145 случаи на КОВИД – 19 а починале двајца пациенти.