Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва соопшти дека има пет нови случаи на коронавирус. Една пациентка е вратена од Холандија, а сите членови нејзиното семејство се контактирани, како и сите патници од авионот од Виена. Со ова бројката на сместени и хоспитализирани лица на Клиниката за инфективни болести е 14.
Попладнето се тестирани уште десет други лица, од кои четворица се позитивни, а биле во контакт со заболените од Дебар.
Уште два пациента се тестирани во клиниката Жан Митрев, позитивни, но дополнително утре ќе се тестираат во клиниката за инфективни болести за да се потврди.