• Sat. Nov 23rd, 2024

Пет нови засилувања во Беласица а Ѓоко Хаџиевски именуван за спортски директор

ByВане Трајков

Feb 15, 2019

Пред стартот на пролетниот дел од фудбалскиот шампионат на Македонија, струмичкиот прволгиаш Беласица и официјално ги промовираше петте засилувања. Станува збор за фудбалерите Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Мартин Мирчевски и Христијан Денковски со кои  ФК Беласица се очекува да изненади во КУП натпреварувањето но и да го избегне дното од прволигашката табела . Паралелно во ФК Беласица е ангажиран и  Ѓоко Хаџиевски. Тој ќе седи на клупата на струмичани како директор на клубот, а првиот тим ќе го води стратегот Раде Цицмиловиќ.  Хаџиевски со своето искуство се очекува да помогне струмичките сино бели да не бидат последни на табелата и да ги вратат победите на стадионот Младост.

Еве кои се новите засилувања

  1. – Душан Савиќ поранешен македонски репрезентативец кој по 14 години, повторно се враќа во ФК Беласица. Офанзивец кој го носеше дресот и на прилепска Победа, ФК Вардар и ФК Работнички, a зад него има и богата интернационална кариера.
  2. – Mарио Маслаќ ќе биде огромно засилување на стоперската позиција за преостанатиот дел од оваа сезона, кој доаѓа од ФК Рига, Латвија.
  3. -21-годишниот Бразилец Матеус Оливеира Да Силва, ни доаѓа од ФК Гремио Новоризонтино од Бразил, и игра во шпицот.
  4. -Мартин Мирчевски го носеше дресот на Беласица минатата сезона .
  5. -Напаѓачот Христијан Денковски, пак, во Беласица доаѓа од индиски Гокулам инаку поранешен младински репрезентативец

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *