• Sat. Nov 23rd, 2024

ПЕТ ЛИЦА ПОЧИНАА, УШТЕ 29 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

Четворица пациенти починаа на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за: пациент од Куманово (52), пациентка од Лабуништа-Струга (65), пациентка од Челопек – Тетово (62) и една пациентка од Штип (81). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

 

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 599 лица, од кои 30 се излечени, а 26 починати. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

 
 

Скопје – 254
Куманово – 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку ИЈЗ- 229, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –22 , Биотек – 22 и Филип Втори (Жан Митрев) –105 . Досега во земјата се направени 5.879 тестирања на КОВИД-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *