Очекувајќи го продолжението на сезоната во ВМФЛ, Беласица добива уште еден млад и перспективен играч кој ќе биде свежина на голманската позиција за играчите од Струмица.
Беласица го претстави Петар Јакимов како свој нов играч, кој е стандарден репрезентативец на Македонија во категоријата до 19 години.
Јакимов се придружува на Беласица од Работнички и ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.