Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, го најави својот ексклузивен концерт во Струмица, кој ќе се одржи на 30 април во „Центар за култура“ Струмица
Петар Грашо несомнено важи за еден од најталентираните, но и најумерени музичари на денешницата. Апсолутно сѐ што ќе сними и сработи прераснува во хит, па со леснотија полни концертни сали ширум регионов.