Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска треба да му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Од Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, потврдија дека церемонијата за врачување на мандатот ќе се одржи напладне и ќе му биде доверен на лидерот на социјалдемократите. „Зоран Заев, во име на коалицијата ‘Можеме’, која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информира претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на влада“, информираа од претседателскиот Кабинет.