Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видеопорака ќе се обрати на Генералната дебата во рамки на 75. Генерално sобрание на Обединетите nации.
Поради пандемијата од Ковид-19, годинава Генералното sобрание се одвива без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите nации во Њујорк.
Видеопораката ќе биде емитувана во салата на Генералното sобрание на ОН, каде што ќе бидат присутни претставници на секоја од земјите членки.
Предвидено е обраќањето на претседателот Пендаровски да биде емитувано на сесијата што започнува во 15:00 часот по средноевропско време.
Темата на 75. сесија на Генералното sобрание на ОН е „Иднината што ја сакаме, Обединетите nации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот – соочување со Ковид-19 преку ефективна мултилатерална акција“.
извор: Макфакс