Овој регион меѓу првите ќе дознае кои се придобивките од договорите со соседните земји Бугарија и Грција, бидејќи секојдневно комуницира со нив и тие се во неговата околина, рече Пендаровски во Богданци. Тој, во своето претставување како кандидат за претседател на владејачката коалиција, пред жителите на овој град порача дека се направиле сериозни компромиси за кои немало храброст последните триесетина години.
Пендаровски зборуваше и за иселувањето како еден од најголемите предизвици на денешницата но и за можноста граѓаните да останат овде со бенефитите од евроатланските перспективи.
Пендаровски денеска одржа повеќе трибини и претставувања со граѓаните од Југоистокот. Последниот митинг вечерва е во Гевгелија.