Според информациите од ДИК кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски во Југоистокот по првиот круг, победи во општините Струмица , Дојран , Богданци, Конче
Канидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска Давкова според првичните информации на ДИК, победи во Радовиш , Гевгелија, Валандово , Василево ,Босилово и Ново Село
Но ако се сумират резултатите на ниво на југоистокт, Пендаровски има освоено 34 434 гласови додека Силјановска Давкова 33 038 што е околу илјада и 400 гласа во корист на Пендаровски пред се благодарение на огромната разлика во Струмица каде Пендаровски славеше со разлика од 3 300 гласови
На ниво на југоистокот Блерим Река освои околу 600 гласови а околу 2700 гласачки ливчиња се неважечки покажуваат првичните податоци од ДИК за југоистокот каде излезноста беше најголема во Гевгелија а во Радовиш најслаба