• Fri. Nov 22nd, 2024

Пекарниците го вратија белиот леб од 33 денари, на Владата ѝ порачаа дека ќе ја тужат

Белиот и полубелиот леб од 33 денари од денеска се враќа во продавниците. Пекарниците одлучиле да почнат со нивно производство и испорака, а истовремено ќе тргнат во правна битка за наплата на штетата, што ја претрпеле по владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ, соопшти дека компаниите максимално ги почитувале владините мерки за поддршка, но Владата донела неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им се нанесе штета од над 4,5 милиони евра.