Педесетина деца за еден месец се примени на детското одделение во Гевгелиската болница со симптоми на вирусна или бактериска инфекција којашто не е дефинирана. Директорот на болницата, доктор Митко Крџев вели дека станува збор за инфекција којашто се појавува во горните респираторни патишта која брзо преминува во инфекција на долните респираторни патишта со чести компликации на бронхопневмонии.
На сите деца им се направени ПЦР тестови и сите се негативни. Докторот вели дека овае нетипична инфекција за летниот период кога владеат цревните заболувања. Симптомите одговараат на оние што се појавуваат во доцните есенски и зимски месеци.
Хоспитализираните деца со вакви инфекции во гевгелиската болница најчесто биле на возраст од 2 до 5 години, но имало и неколку случаи на бебиња.