По скоро 40 години патот Радовиш-Штип ќе се покрие со нов асфалт. До крајот на летово се очекува да заврши реконструкцијата на тој пат која чини 2.400.000 евра.
Во тек е рехабилитација на над 400 километри од регионалните и магистрални патишта, а преку 100 милиони евра капитални инвестиции се во тек во Југоистокот.
Реконструкцијата ќе чини 2.400.000 евра, а треба да заврши до Август, кога и фирмата Штрабаг треба да го стави и првиот слој на асфалт на новиот ексресен пат Штип-Радовиш.