Од Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ информираат дека во периодот од 7 до 12 март 2016 година ќе се вршат градежни активности за уредување на посебен паркинг простор на КП бр.1728/1 КО Струмица кој што се наоѓа позади зградата на улицата „Ленинова“ бр.14 и истиот ќе биде затворен за паркирање на возилата. Поради тоа од претпријатието бараат соработка со граѓаните за преместување на моторните возила што ги поседуваат најдоцна до вечерните часови на 6 март (недела).