• Sat. Nov 23rd, 2024

Пандев ќе се пензионира догодина, сака да игра на ЕУРО 2021

ByВане Трајков

Apr 15, 2020

Горан Пандев ја пролонгира одлуката за крај на кариерата. Капитенот на македонската репрезентација има желба да игра на Европското првенство. Поради пандемијата УЕФА го одложи ЕП за наредната година, а баражите преку кои Македонија ќе се обиде да избори пласман на континенталниот шампионат ќе се играат во септември.

„Мојот сон е да ја завршам кариерата со настап на ЕП, поради тоа би сакал да продолжам да играм уште една година“, изјавил Пандев за „Скај Спортс Италија“.

Во интервјуто 37 годишниот играч на Џенова открил дека во јануарскиот преоден рок имал понуда да се врати во Интер, шест месеци да биде играч, а потоа да седне во директорска фотелја.

„Пјеро Аусилио ми се јави, помислив дека се шегува со мене. Му реков да бараат некој помлад. Јас решив да останам во Џенова. И покрај сѐ ќе му бидам благодарен на Интер. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *