Академија Пандев обезбеди огромна предност пред реванш дуелот од четвртфиналето од Купот на Македонија откако денеска во Тетово со играч помалку славеше со 2:0. Пандевци ја имаа доминацијата во овој натпревар и победата ја најавија во првото полувреме кога поведоа со 1:0.
Во второто повторно ја затресоа мрежата на домаќините иако имаа играч помалку заради два жолти картони на Атанасковски но Балдовалиев во 83 минута ги постави конечните 2:0
Ревашот е на 29 ноември по што ќе се знаат четирите екипи што ќе играт за КУП титулата и полуфиналните двојки