Во таборот на Академија Пандев се револтирани од судењето на вчерашниот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига во поразот (1-0) на гостувањето против Борец во Велес пишува Екипа.
Струмичани реагираат на клучниот момент на самиот старт од дуелот кога нивниот најдобар фудбалер, репрезентативецот Љупче Дориев заработи незгодна повреда по директен старт од противнички фудбалер поради што мораше да ја напушти играта.